Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож речиси четири часа држел 15 заложници во воз во западна Швајцарија, додека полицијата не упаднала во возот и го убила -доцна синоќа, јави Swissinfo
„Сите заложници беа ослободени неповредени“, се вели во денешното соопштение на полицијата.
Не се соопштуваат детали за можните мотиви на сторителот.
Познато е само дека мажот поднел барање за азил во Швајцарија.






