Бугарски граничен полицаец синоќа бил застрелан веднаш до оградата на бугарско-турската граница.
Граничарот, најверојатно вршел увид на пробив во објект, велат истражителите за „24 часа“, но засега останува енигма кој стрелал во 30 годишниот граничар.
Бугарскиот експерт за безбедност Славчо Велков вели дека не се знае кој е сторителот.
„ Не ги знаеме деталите, но можеби е пукано од наша територија“, рече Велков, пренесе Њуз.бг
Низ оваа граница минува целиот сообраќај – и дрога, и луѓе и терористи, објасни експертот за безбедност.
Ако е пукано од соседна државна територија, случајот да оди на политичко ниво и треба да има средба на највисоко ниво.
Но, според Велков, нелогично е да се тврди дека пукал турски граничар.
Посочи дека има писмена процедура како да се постапува во вакви ситуации, а полицаецот има право да пука и да ја штити државната граница.
Окружното обвинителство во Јамбол, покрена предистражна постапка по член 116 за убиство на полицаец при вршење службена должност.







