Убавите жени на мојот народ: Од утре изложба мотивирана од песна на Блаже Конески

Утре во 19 часот во Културно изложбениот центар во Скопје започнува изложбата ,,Убавите жени на мојот народ” инспирирана од песната на Блаже Конески ,,Убавите жени”.



Од утре македонската публика ќе може да го проследи делата создадени на академскиот пат на Славчо Максимовски.

,,Неоспорна е забелешката за присуството на енергијата на жената, на женското тело и феминината природа во неговите дела.

Создавана во најразлични форми, облици и состојби, транзитирана од фиктивно, па се до
реалното нејзино постоење, неговиот интерес за неа сè уште претставува континуирана инспирација за себеискажување.

Каков е женскиот развоен пат, сите сме свесни, помалку или повеќе. Таков, каков што е претставен во песната “Убавите жени” од Блаже Конески, за Максимовски претставува мотив за создавање на овие дела. Неговиот мотив за видливоста на жената на нашиот народ претставува чекор проследен со аплауз.

Прашувајќи се каква е оваа позиционираност, да зборуваш од себе, а оттаму е жена. Низ призма на чест, одговорност и благодарност, толкава колку што може бескрајот над нас да ја издржи, искажувам привилегираност за простор да зборувам за нив.

А просторот ми беше слободен, проникнат од моето животно искуство. Таков пат посакувам, гласен, јасен, видлив и слободен, да бидеме сè што ќе посакаме. Време е за непрестајна работа да се биде човек.

Црно-белоста на видикот е одраз на отпорноста, оти е приказ на јасни одлики на изоденото женско искуство. Ова не се големи зборови проткаени со опшествени кованици, ова е обид за гласно огледало на сето она што досега било неискажано, недоречено,
непрепознаено и ненајдено. 

Идентитетски гравитираме низ разновидни пројавувања, а нивното вкрстување е испреплетена мрежа од која извира женската моќ. Заслугата е неоспорна, а намерата е достоинствено и автентично да се биде жена, во сите нејзини облици и форми”, стои во една од анализите на делата на Максимовски.