Убав ден за приврзаниците на теориите на завери со ,,Кемтреилс” (ВИДЕО)

Приврзаниците на теории на заговори со таканаречени ,,Кемтреилс” денеска ќе го искористат денот за да ги промовираат своите тези за кои нема никакви научни докази ниту формални потврди.



Дел од приврзаниците на теории на завери тврдат дека се работи за намерно прскање со штетни материи за човекот но всушност научно е докажано дека белата трага што ја оставаат авионите во воздухот е патека која настанува од кондензација.

Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата

Ова е една од најраширените теории на заговор на интернет просторот која што е целосно невистинита.