Во Битола е уапсен маж осомничен дека пред десетина дена испратил писмо во кое у се заканува на јавниот обвинител Јовески со смрт, дознава МКД.Мк.
Од МВР најавуваат официјално соопштение во врска со настанот.
Јовески преку соопштение на 27 јануари извести дека ден претходно, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година добил закана по неговиот живот.
Заканувачите кои се претставувале како терористичка организација барале „да бидат ослободени од гонење двајцата новинари од ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, постапка за која од Обвинителството нагласуваат дека веќе е запрена во декември 2021, бидејќи нема место за гонење од страна на јавен обвинител.
Препорачаната пратка со заканата беше напишана на македонски и на англиски јазик.







