Полицајци и цариници се уапсени во денешната полициска во „Диво Насеље“ во Куманово која се спроведува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Информацијата за „Фокус“ ја потврди обвинителката Вилма Русковска, а повеќе детали од Обвинителството најавуваат за малку подоцна.
Полициската акција што претпладнево се спроведува на подрачја на Куманово и на Скопје е против група што се занимавала со недозволена трговија со наркотични супстанци.







