Уапсени две лица кои запалија српско знаме во Тирана

На синоќешниот протест организиран од поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој е насочен против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и одржувањето на состанокот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, запалено и газено било српското знаме.



Полицијата соопшти дека уапсила две лица под сомнение дека го запалиле српското знаме на вчерашните протести во Тирана.

Според албанскиот портал „Топ чанел“, уапсените лица се однесени во полициска станица на распит, објави „Косово онлајн“.