Уапсени 18 Албанци од две криминални банди во Италија

Италијанската полиција разбила две криминални групи, чии членови се албански државјани кои се занимавале со недозволена трговија со дрога.



„Уапсени се 18 лица, запленет е имот вреден два милиони евра, кој се состои од автомобили и недвижен имот, како и пари во готово. Исто така, запленети се и 25 килограми кокаин и 11 килограми марихуана, пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на италијанската полиција.

Двете криминални групи вршеле шверц на дрога на територијата на Венето.

Истрагата опфатила 33 лица кои оперирале и во Венеција, Падова, Тревизо и Верона, додека врските стигнувале до Ломбардија, објави Слободен печат.