Во голема полициска акција која се уште е во тек уапсени се над 10 лица за фалсификување на патни исправи и лични документи, дознава ТВ21.
Уапсените се полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи.
Високи извори од МВР посочуваат дека акцијата се спроведува по повеќе од една година истрага и документирање на работата на криминалната група, пренесува Сител.
Денешната акција доаѓа по вчерашната афера што ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за издадени 200 македонски пасоши на лица со криминално досие од Балканот.






