Уапсена Бугарка, со секира им се заканувала на патници во метро во Рим

Бугарска државјанка е уапсена вчера откако им се заканувал на патниците со секира во метрото во Рим, јави италијанската национална новинска агенција.



Жената прво им се заканувала на патниците, а потоа се нафрлила на дежурниот персонал, мавтајќи со секира со која ја оштетила оградата на влезните скали на метро станицата.

Луѓето се разбегале низ вагоните.

На местото на настанот биле повикани италијанските карабинери кои ја уапсиле 32-годишната жена, која била разоружана од стражарите, пшренесуваат бугарски медиуми.

Жената со оружјето ја оштетила оградата на скалите на влезот во станицата.

32-годишната Бугарка е обвинета за закана и нанесување штета под отежнувачки околности.