Уапсен уште еден од пиштолџиите кај „Скендербег“

Станува збор за лице во црна облека кој покажа пиштол при инцидентите претходната недела.



МВР соопшти дека станува збор за лице со иницијали А.Р. кој е роден 1993 година.

Тој во полициска станица го признал делото, пренесе Канал 5.

Со ова, уапсени се трите лица кои јавно беа видени дека имаат пиштол, а еден од нив, Цуфи Кока, истрела два куршума во воздух при протестите против францускиот предлог и заработи кривична пријава.