Уапсен шести осомничен за убиството на Вања кој преку Бугарија патувал за Турција

Уапсен шестиот осомничен за убиството на Вања кој преку Бугарија патувал за Турција.



Лицето кое е уапсено е поврзано со киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска како помагател.

Било уапсено вчера на граничниот премин Дојран при влез во земјава. Станува збор за лице кое е поврзано со Љупчо Палевски-Палчо, но и партијата Десна, чиј претседател е тој.

Предходно на 2 Декември ова лице преку Бугарија влегло во Турција по што вчера на 4 Декември преку грчка територија се вратило во земјава, тврдат извори блиски на истрагата.

И за ова лице се очекува да се бара притвор за да се обезбеди од можно бегство.

Вчера во емисијата Заспиј ако можеш уредникот на емисијата Горан Момироски објави дека на граничниот премин Дојран се вршат активности на полицијата во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски но не сакаше да открие повеќе детали за да не ја попречи истрагата.

Возилото со кое бегал убиецот Палчо се води на македонска фирма

Обвинителството бара притвор за шестоосомничениот кој од Србија го префрлил Палевски во Турција