Уапсен осомничениот бомбаш од Лион

Француската полиција уапсила лице кое се сомничи дека ја подметнал експлозијата во градот Лион, пред два дена, во која беа повредени 13 лица, објави министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.



Министерот ја објави информацијат на Твитер, но без дополнителни детали.

„Бомбашот“, според снимките, бил маскиран и со велосипед дошол до местото каде оставил торба-бомба пред пекарница во центарот на градот.

Не е јасно дали се работи за тероризам, а досега никој не презеде одговорност за поставување на бомбата.

Во Франција е зголемена контролата на јавни места по низата напади што во последните неколку години беа извршени од разни групи низ цела Франција, во кои беа убиени десетици луѓе, а неколку стотици беа повредени.