Организатор на протестот во Тетово почнал штрајк со глад во Шутка

Блерим Ахмети, еден од организаторите на протестот во Тетово ги известил властите на истражниот затвор Шутка дека започнал штрајк со глад, објави Алсат.



Тој беше еден од петтемина кои беа уапсени по протестот во петокот на кои им беше одреден осумдневен притвор.

Од затворот за телевизијата информираат дека неговата здравствена состојба, во моментов е добра.

Неговиот адвокат Бесник Асани, за Алсат најави дека наскоро до Судот ќе поднесат жалба на одлуката за притвор. Тој вели дека ќе побара пристап до целосните докази што ги поседува полицијата и обвинителството, за делата за кои е обвинет неговиот клиент.

Во меѓувреме, Секторот за внатрешни работи во Тетово не ја исклучува можноста за други апсења.

Во протестот кој ескалираше со обид за упад во штабот на ДУИ во Мала Речица, беа повредени 4 полицајци.

Состобата на повредените полицајци добра и ниту еден нема сериозни повреди.