Уапсен насилник што заедно со полицаец – обезбедувач крвнички претепал брачен пар

Уапсен уште еден насилник што заедно со полицаец вчера изутрина претепа брачен пар во Охрид.



По кратка истрага полицајци од СВР Охрид го уапсиле третиот напаѓач кој заедно со уште две лица од кое едно е полицаец претепале брачен пар пред ноќниот клуб Ексклузив во Охрид.

Полицаецот кој вчера дал исказ пред СВР Охрид работел како обезбедување во ноќен клуб пред кој го претепале брачниот пар а на сопругот му нанесле тешки телесни повреди.

,,На 12.11.2023 година во 16.35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода П.Б.(23) од Охрид. Тој се сомничи дека заедно со претходно приведените А.Т и К.С., двајцата од Охрид, во 02 часот на паркинг простор пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ги нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид”, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски во своето денешно соопштение.

Димоски во соопштението не дава детали за полицискиот припадник кој и преходно имал проблеми со законот но никогаш не бил санкциониран.

Според очевидци на настанот полицаецот во претепувањето на брачниот пар користел и метален објект кој наликувал на пиштол.

Доколку се утврди дека полицаецот го користел службениот пиштол за физичка пресметка со граѓани за него ќе следува и посебна пријава.

Познавачи на состојбите во охридската полиција тврдат дека надредените на полицаецот – обезбедувач вклучително и началникот на СВР Охрид знаеле за неговите приватни дополнителни дејности надвор од МВР но никогаш не го санкционирале за тоа.

Детали за тепачката

За малку куртулиле, полицаец на Оливер Спасовски учествувал во претепување на брачен пар