Полициски службеници го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено вчера во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош.
Бетонски столб пред црквата во Кочани, од каде крадецот на амбулантното возило сакал да побегне, бил пречката тој да успее во намерата.
Откако го украл возилото крадецот сакал да побегне токму по оваа мала и тесна уличка што се наоѓа веднаш над болницата и пред црквата во Кочани. Но, удрил во столбот и го оставил возилото.
Како што информираше „Радио Кочани“ во видеото, ова е постаро возило од возниот парк на кочанската болница што се користело за кратки релации.
Исто така, по преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, што Д.Н. ги извршил претходно.
Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал делата, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.







