Уапсен инспектор за примање поткуп

К.Ѓ. (33) вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, вчера бил уапсен поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“.



На 21.11.2023 осомничениот од двајца жители на радовишко примил 3.000 денари, кои претходно ги побарал од нив за да не спречи вршење на нерегистрирана дејност.

Во моментот кога е лишен од слобода, кај него се пронајдени парите кои ги примил како поткуп.

Од дополнително преземените мерки и активности било утврдено дека К.Ѓ. во периодот од јуни до ноември 2023 година во повеќе наврати од жители на Радовиш и радовишко примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп.