Средношклолец момче од Кавадарци е дојавувачот кој ги испратил заканувачките пораки до училиштата во градот на почетокот на декември, а МВР веќе поднесе и кривична пријава до Јавното Обвинителство со која го товари 15 годишното момче за сторено дело „тероризам“.
Во домот на малолетникот и на персоналниот компјутер пронајдени се докази дека преку хакирана адреса испраќал идентични заканувачки пораки до три средни и три основни училишта во Кавадарци.
Министерот Спасовски потврди дека случајот е целосно затворен.
Според полицискиот извештај од домот на малолетникот одземени биле еден компјутер и мобилен телефон, кои ги користел за испраќање на пораките.
Ова е втора кривична пријава против малолетник кој испраќал вакви заканувачки пораки. Претходно полицијата приведе уште еден малолетник од Скопје кој инспириран од претходни објави за поставени бомби испраќал пораки дека во скопски средни училиштата има поставено бомби.







