Прермиерот на Косово е загрижен дека рускиот претседател Путин ќе се обиде да предизвика војна на Балканот против западните демократии.
За да се обезбеди мирот, стабилноста и безбедноста побара Косово да биде примено во НАТО и Европската Унија.
Зеленски бара итно прием во ЕУ
„Сакаме во ЕУ и НАТО. Ако бидеме примени, тоа би било подобро и за народот на Косово, за републиката и за целиот регион, и за европскиот континент воопшто“, рече Курти и побара земјите од ЕУ и НАТО да бидат повеќе посветени на отстранувањето на руското влијание од Балканот.
За британски Скај њуз наведе дека Косово во минатото доживеало војна и дека народот на Косово покажува солидарност со украинскиот народ, а ја критикуваше Србија за која наведе дека останала единствената држава во Европа, покрај Белорусија, која не ѝ воведе санкции на Русија.
Тој наведе дека голем дел од вооружувањето на Србија е од руски донации, додека повеќето големи руски компании имаат свои филијали во Србија.
„Поради тоа народот на Косово е загрижен дека деспотскиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да предизвика војна на Западниот Балкан за да го претвори во бојно поле со западните демократии“, кажа Курти и потенцираше дека народот на Косово не се плаши.






