Бојан Јовановсѝки кој е на издржување на 9 годишна затворска казна вели дека поранешниот директор на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски му рекол дека ќе го пушти од затворот во Идризово „ако амин дадат Миле Зечевиќ и Таче”.



Боки 13, во дсопис до јавноста, тврди дека е сериозно болен, но иако ги исполнува условите – не добива законски прекин на издржување на затворска казна.

Боки 13 тврди дека добил фалсѝификувано судско решение

„Оној екс криминален директор на управата за извршување на санкции Марјан Спасовски, кога побарав прекин од него како орган, каде бев исто така незаконски одбиен, во разговор со мене ми кажа дека ќе ми одобри прекин само ако добие дозвола и “амин” од Миле Зечевиќ или од премиерот Таче ( за ова располагам со доказ ), па сега прашувам од кого судот бара и чека дозвола за мојот законски основан прекин на издржување на казна заради лекување или постои трајна политичка наредба за одбивање на моите барања кон судот ?

Нека целата јавност и сите заинтересирани страни видат дека судот станал дом за фалсификување, наместо дом за правораздавање, па довербата и од 8 проценти ви е многу, вие сте -8 проценти доверба! Со оваа постапка покрај другите безброј неправди судот дефинитивно ќе влезе во минус фаза на доверба, дотолку повеќе што се што е наведено во ова писмено е гола вистина и факти !

Ова фалсификувано решение ми нанесе огромна душевна болка, бидејќи се чувствувам комплетно обесправено и дополнително ми ја влоши здравствената состојба и на психички и на соматски план”, вели во писмениот допис до медиумите Боки13.