Твитер ги суспендираше профилите на неколку познати новинари кои ја следат работата на сопственикот на компанијата Илон Маск, јави Би-Би-Си.
Се работи за новинари на Њујорк Тајмс, Си-Ен-Ен и Вашингтон Пост, а нивните профили биле блокирани синоќа.
Портпаролот на Твитер за вебсајтот „Верџ“ изјавил дека забраната била поврзана со пренесување на податоци за локација во живо.
Ова доаѓа еден ден откако Твитер го забрани профилот кој го следеше приватниот авион на Маск, додека мултимилијардерот најави дека ќе го тужи сопственикот на овој профил.







