Два дена откако стави привремена забрана за профилот на министерот за здравство Венко Филипче социјалната мрежа Твитер се уште не ја крева блокадата на неговиот профил.

Според Твитер ваква блокада на профили со назнака “temporary restricted” се случува меѓу другото и за да се обезбеди дека прекршители не малтретираат други корисници на социјалната мрежа.

“Потврдување на сопственоста на сметката: За да се осигураме дека прекршителите не ја злоупотребуваат анонимноста што ја нудиме и ги малтретираат другите на платформата, може да побараме од сопственикот на сметката да ја потврди сопственоста со телефонски број или адреса на е-пошта. Ова исто така ни помага да ги идентификуваме прекршителите кои работат повеќе сметки за навредливи цели и да преземеме мерки за такви сметки. Имајте на ум дека кога сметката е заклучена во очекување на завршување на предизвик (како што е потребно да се обезбеди телефонски број), таа се отстранува од бројот на следбеници, ретвитови и допаѓања сè додека не се обезбеди телефонски број”, пишува Твитер за ситуациите кога на корисниците привремени им е блокиран профилот.
Најчитана вест
Бугарија ги крстела а Македонците прделе
Албански интелектуалец на страна на Бугарија а против ВМРО-ДПМНЕ






