Јавноста која што ја користи социјалната мрежа Твитер веќе знае кои се двајцата од тројцата ликови кои денес Героски ги објави како актери во нова афера вредна 400000 илјади евра.
За разлика од ликот Коки за кого веќе е јасно дека е Боки 13 јавноста беше збунета само еден час кога на Твитер беа објавени вистинските имиња на Жаки кој дал и Раки кој добил една четвртина од рекетираните пари.
Жаки за кого Героски вели дека е дел од телекомуникацискиот бизнис е висок екс директор на еден од телекомите кој беше близок со моќници од поранешната власт.
За Раки за кого Героски вели дека е важен дел од власта работата е почиста. И од самото име но и од некои други предходни контраверзни случаи е јасно дека се работи за познат лик од највисоките кругови на власта близок на премиерот Заев.
Само мало пребарување на Твитер веднаш ќе ви ги открие имињата на двајцата нови (анти)херои од приказните на Героски.





