Граѓани на социјалните мрежи реагираат на „чудните“ пожари кои избувнуваат на Охридското Езеро, а за кои надлежните немаат одговор.
„Мислам дека во турско за палењето на трска ќе ве коштало десна рака. Со јатаган“- е еден од коментартите на Твитер.

Пожари има на целото крајрежје каде има појас на трска. Само изминатото деноноќие се случија нови два големи пожари кај Подмолје и Калишта каде е уништена огромна површина на трска на брегот.
Речиси јавна тајна е дека една од главните причини за палењето на трската е приграбување на атрактивното земјиште за плажи и изградба на сместувачки капацитети, предупредуваат екологистите.





