Грција го повика премиерот на с.Македонија целосно да го спроведе договорот од Преспа за името на земјата во сите контексти, вклучително и меѓународните спортски настани.



Весникот „Катимерини“ дознава дека Атина ја одложува планираната ратификација на парламентот во јули на три меморандуми за соработка со меморандумите двете земји до септември, а можеби и подоцна.

Реакцијата доаѓа како одговор на „твитот“ на Зоран Заев во кој тој ја именуваше репрезентацијата на неговата земја, која учествува на Европското првенство 2020, како „Македонија“, изоставувајќи ја додавката „Северна“, пишува Катимењрини.

Портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони, вчера испрати предупредување дo премиерот Зоран Заев дека мора да го почитува Договорот од Преспа во сите контексти

„Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух, го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање какво што е фудбалот“,порача Пелони.

Во „твитот“ од понеделникот кој ја налути грчката влада, Заев напиша дека фудбалскиот натпревар го следи заедно со холандскиот премиер и дека без оглед на резултатот, дава поддршка на „македонската фудбалска репрезентација“.