Уверувањето од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски дека „безбедно е да се лета во Македонија“, и покрај ескалацијата на судирот меѓу контролорите на лет и партиските инсталации во Македонска навигација го инспирира „Простмодерен“ за објавата на денот на Твитер.
„Цела среќа немаме нуклеарни реактори“, „смирува“ твитерџијата по физичкиот напад врз контролорите во просториите на М-НАВ попладнево.






