Предизборното барање на ДУИ за прв премиер Албанец во Македонија го инспирира „Кичевчанецот“ за твитот на денот, во кој, по аналогија, бара Македонец за градоначалник на Тетово.
Според последниот попис од 2002 година, во Општина Тетово живеат 70,3 проценти Албанци и 23,2 отсто Македонци, сличен сооднос како на државно ниво, но со заменети места на мнозинскиот народ и на најголемото малцинство во Македонија.
Борче Тренески е последниот Македонец што ја водел една од најголемите општини во Македонија од февруари до ноември 1991 година. По него во градоначалничката фотелја на Тетово се менуваа само Албанци: Шаќир Алити, Алајдин Демири, Исмаљаки Емурлаи, Муртезан Исмаили, Хазби Лика, Сади Беџети и сега Теута Арифи.






