Праксата на (нај)високите државни функционери да го избегнуваат името на македонската држава и наместо него да велат „нашата земја“, што дојде до израз и при одбележувањето на Илинден, послужи како инспирација за твитот на денот.
„Македониум“ или „Споменик Илинден“ е споменички комплекс во Крушево, откриен на 2 август 1974 година на 30-годишнината од заседанието на АСНОМ и 71-годишнината од Илинденското востание. Автори се Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска, а споменикот ги означува непокорот, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и за самостојна држава.
Во куполата се наоѓа гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, како и споменица и биста на македонскиот музички великан и хуманист Тоше Проески.






