Твит на денот: Сега НАТО ќе ни го одбрани јазикот или ќе треба сами да си го браниме?

„Македонка од Република Македонија“ го има твитот на денот, во кој по најновиот бугарски напад врз македонскиот јазик, всушност, прашува дали 30. членка на НАТО може да го активира членот 5 од Повелбата во кој нападот врз една членка се толкува како напад врз сите членки.