Гоце Егејчето е авторот на твитот на денот, во кој ги споредува гласањето на пратениците за осамостојување на Македонија во 1991 година и тоа од петокот за менување на Уставот, а од аспект на полициската заштита.
„Пратениците кои гласаа 1991 за самостојна и независна Македонија не ги чуваше полиција. Пратениците кои гласаа за Северна Македонија ги чува 24 часа полиција најверојатно затоа што донеле правилна одлука“, твитна Егејчето.




