„Гатачот“ во објавата на денот на Твитер со жестока критика за Владата за „преспаниот“ погреб во Загреб на пејачот Аки Рахимовски, фронтмен на групата „Парни ваљак“, кој не ја криеше својата љубов кон Македонија и македонската песна.
Од 30 министри и уште толку заменици министри еден не најде време да го испрати Аки. Влада која троши 30.000 € за вилушки не купи еден венец за Аки.
Аки замина со Македонското знаме и со убавата симболика на песната Зошто си ме мајко родила.