Твит на денот: Не прашувај што може државата да направи за тебе, прашај што Вучиќ може да направи за неа!

Славната максима „Не прашувај што може државата да направи за тебе, туку што можеш ти да направиш за државата“ на некогашниот американски претседател Џон Кенеди парафразирана во објавата на денот на Твитер.



Поводот е изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека, по барање на Македонија, Србија ќе ѝ испорача пченка и пченица, откако лани прва ѝ помогна и со антиковид вакцини.