Твит на денот: Не може Мароко да ми е поблиско од Хрватска. До Хрватска ми требаат 30 марки за гориво, а до Мароко 3.000

„Босански буквалиста“ во објавата на денот на Твитер на пластичен начин објаснува зошто во натпреварот за третото место на Светското фудбалско првенство во Катар навивал за Хрватска, а не за Мароко.



„На мене Мароко никогаш нема да ми биде поблиско од Хрватска. До Хрватска ми требаат 30 марки за гориво, а до Мароко 3.000“, логично заклучува духовитиот босански твитерџија со над 27.500 следбеници на социјалната мрежа.