Преку својот профил на Твитер, веќе прочуен по духовитите објави, Градскиот фудбалски клуб Осогово се пофали дека веќе еден месец нема доживеано пораз во Втората македонска лига – Исток.
„Месец дена без пораз. Вие како?“, се пошегуваа од некогашниот прволигаш од Кочани.
Осогово, претпоследно на табелата со 14 порази во досегашните 16 кола, нема одиграно натпревар од 12 март, кога првенството беше прекинато поради воведената вонредна состојба заради спречување на ширењето на коронавирусот.




