Секаквите можни рути на движење на македонскиот експремиер Никола Груевски до Унгарија, кои во објавата на Валери Хопкинс од Будимпешта на Твитер се споени во комична мапа, го испровоцираа (ре)твитот на денот од Срѓан Гарчевиќ.
„Се надевам дека ЕУ ќе забележи оти бегството на Груевски е одличен пример за извонредна регионална соработка на Западен Балкан“, твитна писателот и консултант од Белград, мислејќи на западнобалканските кандидатки за членство во Европска унија, низ кои поминал Груевски на пат кон Унгарија.





