Меѓу многуте пригодни објави на Твитер за Денот на независноста на Македонија, приматот твит на денот го однесе тој од актерот Рубенс Муратовски, а се однесува на избегнувањето на името на државата од државниот врв.



„Ако си ѝ згрешил на Македонија, нормално е да ти е страв да ѝ го спомнеш името…“, твитна Муратовски.

Тој претходно даде и предлог: „Предлагам денес, наместо ‘добар ден’, да се поздравуваме со ‘кажи Македонија’. Нема ‘џам да свиткаме’, ама барем на душата топло ќе ни дојде“.