Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема ништо незаконито во вработувањата во МНР по обвинувањата во јавноста за непотизам во Министерството, а последниот случај е сопругата на пратеникот Мартин Костовски.
„Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ 24.
За случајот со презентерката Бесмира Ејупи, Османи вели:
„ МНР има потреба од 50 вработувања но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници, вели Османи за Студио 10.
За Ејупи вели дека знае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како ччлен на службата на протокол во претходното министерство.







