На местото каде владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби поставија „табла“ и направија „мини забава“, за „стартот“ на изградбата на коридорите 8 и 10-д, со столчиња за присутните и високи гости, меѓу кои и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, вчера можеше да се види само корпа за отпадоци и по некој смет на тревникот зад неа.
Делница Гостивар – Букојчани, која според Министерството за транспорт и врски и ЈП за Државни патишта е најкомплицираната за изградба, е онаа која прва ќе биде градена од страна на „Бехтел и Енка“.
Вчера почнаа подготовките, но не и со изградба, за тоа ќе се почека.
Во Македонија се уште се води жестоката распртава за осумте предложени законски измени кои ги побара Конзорциумот што треба да ги гради автопатиштата, договорот со државата, се уште не се дава на увид на јавноста…
Но, таблата за стартот на проектот вреден 1,3 милијарда девра – стои. Додуша , малку потпрена…






