Од премиерот Димитар Ковачевски, кој треба да ја отстапи премиерската фотелја до 28 јануари, се бара да го напушти и претседателското столче во СДСМ.
Ваков ултиматум до него испратил поранешниот премиер и претседател на партијата Зоран Заев, објавува ТВ21 повикувајќи се на неофицијални информации.
Од ТВ21, не добиле ни потврда ни демант на прашањата испратени до Зоран Заев.
Наводно, пораката со ултиматум која ја добил Ковачевски била директно испратена од Заев, по што се отворил и сериозен конфликт во актуелното раководство на СДСМ предводено од Ковачевски.






