По средбата во Приштина со Албин Курти, соработката меѓу Таравари, Меџити, Касами и Гаши е веќе завршена работа, дознава тв 21.



Официјализирањето на договорот се очекува во наредните денови а до крај на неделава се очекува Таравари да ги извести партиските органи.

Но, дали Села и Лога ќе бидат на иста страна со Таравари, ова се очекува да се дознае на собранието на АA што се очекува да се одржи наскоро. 

Извори од Европскиот сојуз за промени велат дека во иднина опозицискиот фронт уште повеќе ќе расте.

На средбата со Албин Курти, се зборувало и за претседателските избори, по што Таравари, Касами, Меџити и Гаши дале предлог за претседател кој, според нив, овој пат треба да биде Албанец.

Извори од оваа коалиција велат дека нивниот кандидат за претседател би собрал и дел од граѓанскиот сектор.