Поранешниот ген-сек на Владата, Драги Рашковски, вчера учествувал на онлајн владина седница, во која бил вклучен преку апликацијата Zoom, јавува ТВ21.
Ова гоп отвора прашањето, дали Рашковски го прекинал одморот во Мексико и предвреме се вратил во Македонија, или пак и додека користи одмор и е во Мексико тој е активно вклучен во работата на Владата.
Рашковски кој сега е секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма, потврди дека е со семејството во Мексико и дека таму ќе остане до 31 март.






