Имало обид за да се направи атентат на премиерот на Република Косово, Албин Курти кој престојуваше вчера и денеска во Скопје, дознава ТВ21 повикувајќи се на информација од РТК.
Премиерот Курти синоќа допатува во Скопје, а денеска веќе се вратил во Косово.
Курти и самиот потврди дека имало закани кон него, кои дошле „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.
Тој сепак рече дека не се чувствувал загрозен, односно дека видел многу полициски сили кои се грижеле за безбедноста на состанокот на кој присуствувал.
За РТК било соопштено дека оценките за заканата по животот на Курти биле сериозни, особено ако се има предвид дека тие доаѓаат од повеќе извори на информации.
„Тоа беше српска оперативна комбинација, каде медиумските измами беа испреплетени со акции на терен од можни атентатори на српско-македонската крајност, блиски до Руската Федерација, но под контрола на српските институции“, изјавил изворот за РТК.






