ТВ пекол од 18 минути – Која е пратеничката на СДСМ што вчера се изрезили во живо (ВИДЕО)

Пратеничката на СДСМ Даниела Колева е народната претставничка која вчера на Телма цели 30 минути ја напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ затоа што не сака да гласа за техничката влада на Талат Џафери.



До околу 30 минута од дебатата Колева жестоко ја напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ за тоа што не планира да гласа за Талат Џафери како технички премиер и неговите министри за потоа, откако водителот Боби Христов и кажа дека СДСМ всушност го направила истото во 2016 година, таа да минува низ морален и интелектуален пекол до крајот на емисијата кога открила дека го напаѓа тоа што го направила нејзината партија.

Зошто никој од СДСМ особено министерите како Оливер Спасовски или Љупчо Николовски кои биле сведоци на тие настани не и кажале на Колевска да внимава што зборува е енигма.

Целата емисија Топ Тема на овој линк

https://fb.watch/pLjqdm9KIS/?mibextid=Nif5oz

Делот од Топ Тема каде Христов ја открива оваа информација:

Детали од откритието

Кармата ја стигна СДСМ, во 2016 го направиле тоа што сега не сакаат да им го стори ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Што пишува за Колева на сајтот на Собранието

ДАНИЕЛА КОЛЕВА

Член на СДСМ. Родена на 17.5.1980 во Кавадарци. Македонка. Магистер по менаџмент на човечки ресурси, Филозофски факултет – Скопје.

Активности во Собранието:

Законодавно-правна комисија, член
Комисија за образование, наука и спорт, член
Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член
Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член
Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член