ТВ новинарка нарече криминогена судијка што го ослободи Мијалков за Таргет – Тврдина

Поранешната новинарка на Само Вистина а сега на ТВ 24 Мирјана Трпчевска именуваше како криминогена една од судијките на Скопска апелација која го ослободила Сашо Мијалков за случајот Таргет – Тврдина.



Освен за последниот скандал Трпчевска има и своја причина зошто за судијката дава ваква остра квалификација.

,,Оваа криминогена судијка Лидија Чачева, ни го судеше предметот ,,Кирилица” пред 10-12 години. И тогаш донесе пресуда која намерно не ја испечати и објави 36 дена со што таа не стана правосилна, а во кои делото застаре, па актуелниот директор на МРТВ Марјан Цветковски, со условна затворска казна и со три годишен ,,факултет” за туризам, продолжи да си директорува до ден денешен, и покрај долгот кон државата и кон нас вработените во порталот.

И тогаш пишувавме претставки, добивме обештетување од Врховен суд за повреда на правото на судење во правичен рок колку што се сеќавам по 4 или 5 илјади денари, кои ги обжаливме па уште еднаш добивме по толку.

И претставки за Чачева до Судски совет (или како и да се викаше тогаш) но наместо да ја казнат, таа си била оставена буквално да се зеза и со правдата, и со владеењето на правото и со сите нас. Прво почнала со нас ,,ситни риби” новинарчиња, па еве до каде стасала.

Ама кога пишував јавно и излегував со изјави во тоа време, никој не се заинтересира. Е, сега боли, па мислам ќе боли уште повеќе.

Трпчевска објавува и линк од СДК во кој се гледа што е актуелниот проблем со судијката Чачева.

СУДИЈКАТА ЛИДИЈА ЧАЧЕВА, КОЈА ОДЛУЧУВАЛА ВО ПРЕДМЕТОТ „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“ И ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА МИЈАЛКОВ, СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ПЕНЗИОНИРАЛ УШТЕ НА 7 ДЕКЕМВРИ