„За два месеци од касата на државата се платени околу 3 милиони евра за нафтени деривати и за телефони само за два месеца, и покрај повиците за штедење и за рационално трошење.“ – вели ТВ Клан Македонија во својата статија со наслов „Институциите упатуваат повик за рационализирање на трошоците, а самите не штедат“.“
ТВ Клан Македонија пишува: „Фатмир Бесими, министерот за финансии имаше кажано: ‘Упатувам апел до граѓаните и трговците: ‘Штедете ја енергијата и бидете рационални со трошењата.’ А самите трошат без мера.“
„Само за последните два месеца државните институции платиле повеќе од 2 милиони евра за нафтени деривати.“
„Пуцко Петрол: 968 илјади и 792 евра. Еуромакпетрол: 799 илјади и 604 евра. Лукоил: 257 илјади и 148 евра.“
„Не е штедено ниту за интернет и за телефони. Два телефонски оператора добиле 952 илјади и 162 евра од државата само за два месеца. A1: 266 илјади и 910 евра. Телеком: 685 илјади и 252 евра.“
„Клан Македонија го праша министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со овие трошења: ‘Според ‘open.finance’, од државната каса само за два месеци се платени повеќе од 2 милиона и 52 илјади евра за нафта и бензини. Повеќе од 952 илјади и 162 евра им се платени за телефони на А1 и на Телеком. За овие непродуктивни трошења и самиот министер рече дека треба да се намалат. Секој директор, секој претседател на кој било совет има свое возило и возач…?“
„Министерот за финансии Бесими вети дека власта ќе обрне посебно внимание на ова прашање од страна на власта. ‘Согласно со препораките, институциите треба да ги преиспитаат расходите. Споредено со лани, со сегашниот буџет ги намаливме овие трошоци за 8 проценти. Но, поради ситуацијата, во овој период зависно од потребите и можностите ќе продолжиме уште повеќе да ги рационализираме тие трошоци.“





