„Во последниве години Македонски железници-Транспорт се користи како штаб некогаш на партијата Алтернатива, а некогаш на партијата Движење Беса. Државните институции се користат како партиски штабови.“ – вели ТВ Клан Македонија во својата редакциска статија.
ТВ Клан Македонија пишува: „Во декември минатата година без работа останаа 32 лица вработени на договор на дело во Македонски железници-Транспорт. Договорите им беа раскинати. Новиот директор, кој беше од една друга партија, немаше можност да им ги продолжи тие договори за работа. Според информациите до кои дојде Клан, една година подоцна истата судбина ќе ја имаат уште 60 вработени во ова акционерско друштво. Потврда за нашата информација побаравме од дирекцијата. Оттаму ни рекоа дека писмено ќе ни одговорат, но досега тоа не го сторија.“
„Последниве години оваа дирекција се користи како штаб, некогаш на Алтернатива, а некогаш како штаб на Движењето Беса.“
„Невработените кога ќе бидат примени на работа во Македонски железници-Транспорт имаат обврска јавно да му се заблагодарат на директорот, но нема да смеат да ја заборават ниту партијата, која ги вработува. Меѓутоа, од дирекцијата информираат дека трипати се обраќале за вработување до Министерството за финансии, но тоа не им било одобрено.“





