Иако беше најавено дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на 2-ри и 3-ти септември е повикан да даде исказ пред Специјализираното обвинителство на Косово (СОК) лоцирано во Хаг тој уште вчера дал исказ.
Според ТВ „Клан Косово“, денеска ќе следи вториот ден од испрашувањето на Али Ахмети.
Според оваа телевизија, тој е испрашуван исклучиво во својство на сведок, пренесе Дојче веле.





