Утре пак избори за градоначалник на Центар Жупа, на минатите локални излезноста само 25,7 отсто

„Пред утрешниот неделен изборен ден за градоначалник во општина Центар Жупа денеска правото на глас треба да го остварат 57 болни и изнемоштени лица. Во оваа печалбарска општина се повторува гласањето за градоначалник, бидејќи на минатите избори излезноста беше 25,7 отсто и не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 од вкупно, тогаш запишаните 7.317 гласачи. Во трка за градоначалничкото место овојпат се двајца кандидати, предложени од политички партии.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат пишува: „Според утврдениот план, денес попладнето ќе биде распределен изборниот материјал. Потоа определните избрачки одбори ќе ги посетат 57-те болни и изнемоштени лица, за да го остварат правото на глас. Барање имавме од 61 лице, но на четири од нив не им беше прифатено барањето, бидејќи не беа во единствениот избирачки список.’ – изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.“

Споредено со локалните избори од 17 октомври, додава тој, овој пат бројот на овие лица е поголем за 40. ‘Утре, на 17.4.2022 година, правото на глас треба да го остварат 7.077 лица. Тоа е за 240 гласачи помалку споредено со локалните избори од октомври минатата година. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес.“ – рече Илјаз.“