ТВ Алсат: „Родители и општина Тетово против отворање казино кај детска градинка – најавени масовни протести“

„Министерството за финансии молчи за отворањето на казиното кај градинката ‘Младост’ во Тетово. Родителите на децата, граѓанскиот сектор и општина Тетово велат дека ќе го спречат отворањето на казиното во близина на предучилишната установа.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат пишува: „Нашата лоша среќа е тоа што поединец, министер или условно еден пратеник, кој е избран од народот, добива право да одлучува на штета на народот. Според информациите со кои располагаме, дозволата за работа ја издава Министерството за финансии. За овој објект ја издало тоа министерство. Ние, како Движење против коцкање, во никој случај нема да дозволиме да се отвори тој објект и ќе го искористиме секој метод, начин на протести, со реакции во Владата и министерството, за да го спречиме тоа.’ – изјави Џемал Абдиу од Движењето против коцкање.“