Според извори на тв 24, во МНР денеска бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин.
Претставници на министерството му врачиле протест за објавата која руската амбасада пред два дена ја објави на официјалната страна со која ги евидентираат русофобите во Македонија, јави ТВ 24.
Претставници на МНР на амбасадорот му посочиле дека објавата е непримерна, заканувачка и надвор од дипломатската комуникација.






